Временска прогноза

Променливо облачно со утрински температури под нулата

06.02.2023 08:02

Во Скопје променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а во утринските часови со температури под нулата. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во источните делови каде локално ќе достигне брзина и над 60 км/ч.

Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени.

Во Скопје променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер.