Конференција за борбата против антисемитизмот, во рамки на ОБСЕ Претседавањето
Денес и утре во Скопје ќе се одржи Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва од серијата значајни конференции и состаноци што ќе се организираат за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година...

Како што информираат од МНР, денес и утре во Скопје ќе се одржи Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва од серијата значајни конференции и состаноци што ќе се организираат за време на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Конференцијата за антисемитизам, како традиционален собир на земјите-учеснички на ОБСЕ, има за цел да обезбеди врска помеѓу минатото, сегашноста и идните трендови во борбата против антисемитизмот. Конференцијата ќе започне со сесијата на високо ниво, која ќе ја отвори претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој потоа заедно со директорот на ОДИХР Матео Мекачи ќе одржи и прес-конференција.
Конференцијата за антисемитизам, како традиционален собир на земјите-учеснички на ОБСЕ, има за цел да обезбеди врска помеѓу минатото, сегашноста и идните трендови во борбата противантисемитизмот, стои во соопштението од МНР.
