Македонија

Еден возач жртва во сообраќајна несреќа

06.02.2023 11:18

Едно лице е загинато во сообраќајната несреќа што утрово се случила на автопатот Штип-Миладиновци во близина на населбата Три Чешми...

Едно лице е загинато во сообраќајната несреќа што утрово се случила на автопатот Штип-Миладиновци, во близина на населбата Три Чешми, според првичните информации од полицијата.

Според информациите од СВР Штип, во несреќата учествувале автомобил „голф“ и товарно возило.  Загинатиот е возачот на „голфот“, станува збор за маж роден 1986 година во Гевгелија.

На местото на сообраќајката на терен излегоа и екипи на Итната медицинска помош, противпожарната единица и полицијата, а по направениот увид се очекуваат и информации за причините.

Претходно за сообраќајката информираа од АМСМ наведувајќи дека сообраќајот на автопатот Штип-Миладиновци е во прекин.