Еден век, една деценија и една година од смртта на Гоце Делчев

04.05.2014 11:02

Денеска, Mакедонија одбележува 111 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба - Гоце Делчев.

 Македонската православна црква - охридска архиепископија во негова чест одржа панихида на гробот во цркавата Свети Спас. истотака повеќе делегации, на владата, собранието, армијата, градот Скопје, и на повеќе политички партии положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на македонскиот великан на плоштадот „Македонија“.
Во Собранието на Република Македонија свеченото ќе биде доделена и државната награда „Гоце Делчев“.