Во Украина сменет министерот за одбрана
Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов ќе го замени Олексеј Резников на функцијата министер за одбрана...

Смени во украинскиот одбранбен врв. Шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов ќе го замени Олексеј Резников на функцијата министер за одбрана. Според украинските власти, војната диктира промена на персоналот. Претходно Резников вети внатрешна истрага во неговото министерство, по корупцискиот скандал поврзан со снабдувањето на армијата за време на војната. На фронтот битките не запираат.
Киев објави дека Русија изгубила над 132 илјади војници во Украина од почетокот на инвазијата. Во меѓувреме командантот на специјалната единица „Ахмат“ објави дека украинските сили употребиле хемиско оружје кое било фрлено од беспилотни летала во областите Артјомовско и Угљедар.
