САД
Се трага по остатоците од кинескиот балон
06.02.2023 13:22
Се спроведува специјална операција за извлекување, а крајбрежната стража помага во обезбедување на областа и одржување на јавната безбедност...

САД и натаму трагаат по наводниот кинески шпионски балон кој беше соборен во близина на брегот на сојузната држава Јужна Каролина, соопшти Пентагон. Се спроведува специјална операција за извлекување, а крајбрежната стража помага во обезбедување на областа и одржување на јавната безбедност.
Кина и натаму тврди дека тоа е балон што се користи за метеоролошки и други научни истражувања и дека заталкал во воздушниот простор на САД „сосема случајно“ и под дејство на силни ветрови, што американските власти го негираат.
