Фудбал:

Трката за титулата денеска продолжува

04.05.2014 11:20

Петтемина јавачи кон титулата денеска одново ќе истрчаат.

Се игра 31-то коло од фудбалското првенство на Македонија, а главните претстави се во Скопје и во Турново. На Филип Втори Арената е големото скопско дерби Работнички-Вардар. На „Кукуш“ во Турново на мегдан излегуваат Хоризонт и Пелистер. Дел од „квинтетот“ за титулата е и Металург, кој гостува во Штип на дуелот со Брегалница. Соседската пресметка Работнички-Вардар е во фокусот. 46-ти пат меѓусебе ќе играат „непомирливите’ ривали од центарот на Скопје, а предстојниот натпревар е еден од оние со историска важност. Работнички е во одбрана на лидерското место на табелата. Вардар е во обид да фати приклучок во одбрана на титулата. Влогот е голем, мотивите огромни... се кове титулата! Но, решавачко ќе е влијанието и од натпреварот на југот на земјата меѓу Хоризонт и Пелистер. Никогаш посилен првенствен заплет, кој несомнено ќе потрае до крајот.!

31 коло: двојки:

Работнички-Вардар-пренос МТВ

Хоризонт-Пелистер-пренос МТВ

Брегалница-Металург

Еуромилк-Напредок

Македонија ЃП-Гостивар

Шкендија-Ренова

Почетокот е во 15 часот

 

Табела:

1. Работнички         56

2.Хоризонт              54

3.Металург              53

4.Вардар                  52

5.Пелистер              51

6.Шкендија             48

7.Брегалница          42

8.Ренова                  40

9.Еуромилк             35

10.Македонија ЃП  29

11.Напредок            14

12.Гостивар             14