Охрид

Пораките од „Прличевите беседи“ актуелни и денес

06.02.2023 14:54

Народот во себе треба да ја бара мудроста и силата за борба, за своето добробитие. Само кога луѓето се сложни можат да ги постигнат своите цели, со оваа порака од „Беседата на Прличев“ од илјада осумстотини шеесет и шестата година, го започна своето обраќање посветено на поетот д-р Александра Ѓуркова, при тоа таа посочи дека само преку слога, разбирање и образование еден народ може да ја покаже својата вредност, достоинство и достојност кон минатите и идните генерации...

Да ги следиме Прличевите мисли и пораки за да можеме повеќе да придонесеме за добробитта и достоинството на нашата земја. Ова во своето обраќање за ловороносецот во рамките на „Прличевите беседи“, го рече неговата пра пра внука д-р Александра Ѓуркова, посочувајќи, дека од неговите беседи можеме многу да научиме во времиња кога македонската држава е поставена пред бројни предизвици и неправди.

„Како што секој човек треба да се грижи за себе и семејството, така треба да се грижи и за татковината и повеќе од тоа. Кога господ ти вика чувај се, многу појќе ти викат да си ја чуваш таткојната. На таков начин Прличев, ја издигнува задачата за грижата за татковината и за заедницата“, изјави д-р Александра Ѓуркова-Институт за македонски јазик.

Општина Охрид обезбеди примероци од „Автогиографијата„ на Прличев на Брајово писмо за охридската библиотека и Здружението на лица со оштетен вид.

„Автобиографијата на Прличев е дело што поради своите квалитети заслужува да е нешто како прирачна книга за секој човек,кој што сака поблиску да се запознае со интимната страна на животот на една навистина голема личност од нашето минато,голем поет и добар родољуб.Ова во своите написи посветени на Прличев го истакнал професорот харалампие Полениковиќ“, рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Во рамките на чествувањата посветени на поетот, е одржа традиционалната „Прличева визита“ на која меѓудругото беше промовиран аудио записот, есејот „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Попоски.

 

Сашо Нелоски