Иво Ивановски на состанок на Независниот Панел за глобалниот интернет

04.05.2014 11:24

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе учествува на завршниот состанок на Независниот Панел за глобалниот интернет, кој денеска и утре се одржува во Дубаи.

Состанокот е организиран од Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN) и e во рамките на Светскиот економски форум.
Се очекува учесниците да усвојат документ кој ќе овозможи развој и глобализација на актуелната  интернет рамка, како и поттикнување на процесот за независно функционирање на интернетот.
Предвидено е министерот Ивановски да оствари повеќе билатерални средби со претставници од владини институции, приватниот сектор и на  светските телекомуникациски организации, со кои ќе разговара за теми од областа на информациско-комуникациските технологии.