Во загрозените подрачја во Турција девет наши државјани, повредени двајца ученици
Од МНР информираат дека дипломат од амбасадата во Анкара е упатен во регионот Кахраман Мараш за да ги евакуира деветте македонски државјани и да обезбеди информации за состојбата на теренот.

Македонското МНР соопшти дека во загрозените подрачја од земјотресот во Турција има девет наши државјани, осум ученици и еден наставник. Двајца од учениците се здобиле со тешки телесни повреди, едниот од нив со потешка скршеница, која ја санираат медицински лица. Вториот ученик е со лесни повреди. Ниту еден од загрозените и повредените не е во животна опасност.
Од МНР информираат дека дипломат од амбасадата во Анкара е упатен во регионот Кахраман Мараш за да ги евакуира деветте македонски државјани и да обезбеди информации за состојбата на теренот.
Министерството известува дека на 24-часовно располагање се телефонски броеви во Анкара, Истанбул и SOS телефонот на МНР во Скопје 389-75-273-732.
По земјотресот што изутрината ги погоди Турција и Сирија и предизвика големи материјални штети и човечки загуби, Црвениот крст на Македонија отвори сметки за донација за помош на населението.
Катерина Топалова ги има деталите за повредените ученици во Турција. Разговараше со Марко Ѓоргиевски, директорот на Националната агенција за европски програми и мобилност.
