Конференција

Справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ

06.02.2023 18:48

Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ. Прва во серијата од значајни конференции и состаноци кои ќе се организираат во земјава за време на претседавањето со ОБСЕ...

Регистирани се зголемен број акти на антисемитизам во регионот на ОБСЕ, за што земјите членки мора да преземат мерки, укажаа учесниците на годишната конференција на ОБСЕ за борба против антисемитизмот во Скопје, прва во рамки на македонското претседавање со организацијата. Актуелниот , министерот за надворешни Османи посочи дека справување со антисемитизмот е приоритет.

ОДИХР има инструменти за борба против антисемитизмот, но помага и фактот што сè поголем број на членки усвојуваат национална стратегија.

Членките на ОБСЕ ќе упатат помош за катастрофалниот земјотрес во Турција. МНР нема да упати протестна нота за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград оти соопштенијата што си ги разменија со бугарското МНР биле доволни, и за да се избегне „пинг понг“ дипломатијата за настаните од чествувањето на Делчев. Османи побара и Бугарија да се врати на добрососедските односи.

 

Ирина Гелевска