Партии

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Односите меѓу Македонија и Бугарија никогаш не биле полоши

06.02.2023 21:19

Извршниот комитет смета дека односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија никогаш не биле полоши од сега, што покажуваат и постојаните тензии, уцени и условувања.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва одржа седница на која се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во Македонија, односите со Бугарија, а беа донесени и повеќе кадрови одлуки.

Извршниот комитет смета дека односите помеѓу Република Македонија и Република Бугарија никогаш не биле полоши од сега, што покажуваат и постојаните тензии, уцени и условувања.

Никогаш досега немало таква несигурност во меѓусебните односи помеѓу  Македонија и Бугарија, а уште полошо е што уценувачката бугарска политика на негирање на македонскиот народ, идентитет и јазик постојано се проширува. 

За таквите уцени кои немаат крај е виновник владата на Ковачевски која спротивно на барањата на македонските граѓани се согласи и овозможи на Бугарија да може да поставува нови и нови барања, стои во соопштението на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.