Леброн Џејмс се доближи на 33 поени до рекордот на Џабар
05.02.2023 16:11
Џејмс досега во својата НБА кариера има постигнато вкупно 38.352 кошеви и од рекордерот на вечната листа Карим Абдул Џабар го делат 33 поени.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс загубија синоќа од Њу Орлеанс со 131-126, во натпревар во кој Леброн Џејмс запиша 27 кошеви и се доближи до рекордот според постигнати поени во историјата на НБА лигата.
Џејмс досега во својата НБА кариера има постигнато вкупно 38.352 кошеви и од рекордерот на вечната листа Карим Абдул Џабар го делат 33 поени.
Џејмс би можел да го урне рекордот на Џабар веќе в среда кога ЛА Лејкерс ја пречекуваат Оклахома.
