Ставрески: Буџетот е стабилен и е во рамките на предвидувањата
Буџетот е во добра кондиција и е во рамки на планираното, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Тој нагласи дека исплатата на субвенициите за тутун секогаш повлекува повисоки расходи на буџетот, но во текот на останатиот дел од годината има помали расходи , но во целина расходите и приходите се движат во рамките на предвидената динамика. Македонија и натаму останува меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа, но и земја со најниски даноци, и со висок износ на капитални инвестиции, нагласи Ставрески.
„За сега цифрите не бараат никакви пресметки за ребаланс, ако има потреба, во иднина, како и секоја година ќе се пристапи кон ребалнс, засега, и приходната и расходната страна на буџетот се во рамките на планираното и моите очекувања се дека и во следните месеци ќе сотане така, добро е што со завршувањето на изборите се враќаме на нормалното извршување на функциите“, изјави Зоран Ставрески - вицепремиер и министер за финансии
Според податоците на ресорот за финансии, приходите во март 2014 биле за 3,6 милиони евра поголеми во однос на истиот месец лани , додека расходите годинава во март биле помали за дури 16,8 милиони евра.
Свето Николовски
