Временска прогноза

Наутро многу студено, преку денот сончево

07.02.2023 08:17

Минималните температури ќе се движат во интервал од -12 до -3, а максималните ќе достигнат од -3 до 4 степени..

Времето денеска ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат во интервал од -12 до -3, а максималните ќе достигнат од -3 до 4 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.