МВР

83 санкционирани возачи во Скопје

07.02.2023 08:28

На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 83 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Изречени се две мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, две санкции за недавање предност на минување на пешаци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, соопштуваат од МВР.