САД

Кинескиот балон над САД – случајност, провокација или тест?

07.02.2023 09:35

Кинеските власти тврдат дека леталото служи за научни цели, а САД – за шпионажа...

Пекинг бара воздржаност од Вашингтон, додека американската војска трага по остатоците од кинескиот балон кој беше соборен над Атлантикот. Кинеските власти тврдат дека леталото служи за научни цели, а САД – за шпионажа.

„Инцидентот не го менува односот со Кина, релациите ќе бидат мирни, но решителни и практични“ – соопштија од Белата куќа.