Свет

Жртви во свлечиште на југот од Перу

07.02.2023 09:46

Свлечиште во јужниот дел на Перу, предизвикано од поројните дождови...

Четириесетина лица загинаа во свлечиште во јужниот дел на Перу, предизвикано од поројните дождови. Меѓу жртвите има и петмина кои се возеле со комби кое излетало во река откако било истуркано од излизгано земјиште.

Погодени се стотици објекти, уништени се мостови и канали за наводнување. На неколку локации се регистрирани блокади на патиштата.