in memoriam

Почина Милан Завков - врвен инстументалист и музички творец

07.02.2023 10:03

Во својата 61-ва година од животот, почина големиот Милан Завков, македонски виртуозен хармоникаш и музички творец...

Во својата 61-ва година од животот, почина големиот Милан Завков, македонски виртуозен хармоникаш и музички творец.

Завков, хармоника започнал да свири кога имал 8 години, првиот обид го имал на 14 години, кога бил дел од оркестарот на Ѓорѓи Димчевски во ансамблот „Млад Танец“. Во раните години, Завков свирел во КУД „Мирче Ацев“. Во времето кога се запишал на студии, немало отсек за хармоника, Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти. Со октетот „Македонија“ ја снимил својата прва плоча, во 1970 година со четири ора.

Работел заедно со саксофонистот Ферус Мустафов и бил долгогодишен член на групата „Македонски мерак“, а подоцна и дел од ансамблот „Танец“, како симбол на македонскиот традиционален фолклор. Автор е на голем број песни, изведувани од страна на Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Благица Павловска, Анета Мицевска, Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ.

 

*Фото: Милан Завков/ YouTube