154 санкции за брзо возење на територијата на цела држава
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила, кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 154 возачи.
Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира, до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесе за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.
