Украина

Украина најавува кадровски промени, руската офанзива продолжува на исток

07.02.2023 11:24

Москва ги преместува трупите на истокот пред новата офанзива, која според Киев, ќе цели кон регионот Луганск. Украина најавува кадровски промени за освежување на воените сили...

Москва ги преместува трупите на истокот пред новата офанзива, која според Киев, ќе цели кон регионот Луганск. Украина најавува кадровски промени за освежување на воените сили.

„Ги зацврстуваме лидерските позиции. Во многу региони, особено на границата и фронтот, назначуваме менаџери со воено искуство, оние кои ќе се докажат како најефективни во одбраната од актуелните закани“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.

Русија тврди дека изградбата на заштитната структура околу нуклеарката на Запорожје е при крај, најголемиот ваков објект во Европа, го зазедоа силите под команда на Москва уште на почетокот на војната. Првата линија на фронтот сè уште е во близина, така што централата е изложена на напади, кои ќе резултираат со нуклеарна катаклизма.

Сè повеќе се продлабочува и економската криза. Поради војната со Украина, западните земји воведоа серија санкции за Русија, што резултираше со драстичен скок на цените и на енергенсите. Откако маркетите ги зголемија дури и двојно цените на производите, на пазарите се нуди и храна со поминат рок.

„12 и пол илјади рубљи се доволни за мене, плаќам осум илјади за сметки. Имам за се. Порано купувавме месо, сега треба да штедиме“, изјави жител.

„Зеленчукот беше многу евтин. Кога работев, месото беше поевтино, сега е скапо“, додаде друг жител.

„Пензиите се мали, од каде им се пари на пензионерите? Им давам овошје без пари“, рече жител.

Војната во Украина трае речиси една година.

 

 

 

Маја С. Филдишев