Фатен еден од напаѓачите на златарата во Струга
Притворен е еден од разбојниците кои минатиот месец извршија вооружен грабеж во Златарницата „Циркон„ во Струга,при што со употреба на сила,закана и огнено оружје нападнаа врз животот и телото на вработените ограбувајќи поголема количина злато и златен накит.

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела разбојништво Полициската станица од Струга против 37-годишниот П.Д.,од струшкото село Радолишта поднесе кривична пријава,а Основниот суд од Струга му одреди мерка притвор од 30 дена.Со пријавата се опфатени и четири други,засега непознати лица.
Како што е познато 5-члената разбојничка група на 30 април со употреба на сила,закана и огнено оружје непосредно нападна врз животот и телото на три вработени лица во златарницата,при што според зборовите на сопственикот одзеле злато и златен накит во вредност од 420 000 евра.
„Местото на настанот го напуштиле со патничко моторно возило марка „Ауди„ кое што подоцна е пронајдено во близина на македонско-албанската граница во атарот на село Вишни.Во тој дел се пронајдени и дел од златните предмети“, изјави Стефан Димоски-Портпарол на СВР Охрид.
Пријавениот П.Д. пред извршувањето на делото од лице од Радолишта го купил возилото „Ауди 100„,без регистарска таблица,при што побарал да се извршат неколку измени на автомобилот,да се затемнат стаклата и да се отстрани плочката со бројката на шасијата.
Сашо Нелоски
