Аерозагадување

Во 2022 година секој четврти ден бил загаден воздухот во Велес

07.02.2023 11:27

Според мерните инструменти на Министерството за животна средина во Велес лани имало помалку денови со загаден воздух, екологистите се повикуваат пак на вредности на „Мој воздух“ велат не е сè така розево …

Во текот на 2022 година 96 дена во Велес биле измерени вредности на ПМ 10 честички, повеќе од дозволените 50 мг/м3. Или секој четврти ден минатата година, воздухот во градот бил загаден. Тоа е за 27 дена помалку отколку во 2021 година, но и за 61 ден повеќе од дозволениот број на надминувања во текот на една календарска година. Согласно прописите тоа се 35 дена.

„Прагот на информирање за измерени последователно два дена вредности над 100 мг/м3, регистрирани се во месец во деновите 21-ви, 22-ри, 23-ти и 24-ти декември. Според известување од Министерството за животна средина Одделение за мониторинг на квалитет на воздухот, има проблеми со комуникација со голем дел од мерните станици вклучувајќи ја и Велес 2, поради миграција на системите на нови сервери. Прагот за алармирање за квалитет на воздухот од 150 мг/м3 не е измерен два дена последователно за 2022 година“, соопштија од Општина Велес.

Најмногу денови со повисоки вредности од дозволените имало во јануари 20, во ноември, декември по 16 односно 17 дена. Три месеци во 2022 година немало евидентирано загадување на воздухот. Екологистите сметаат дека може и треба подобро.

Според процените на стручните лица, загадувањето на воздухот во Велес е најчесто поради греењето, каде како енергенс се корист огревно дрво, потоа е сообраќајот, а индустријата е со најмало учество во квалитетот на воздухот во градот.

 

Петар Печков