Франција
Трет бран штрајкови во Франција против пензиските реформи
07.02.2023 12:04
Синдикатите во Франција почнаа трет бран штрајкови против плановите на претседателот Макрон за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години...

Синдикатите во Франција почнаа трет бран штрајкови против плановите на претседателот Макрон за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Железничките услуги се откажани, училиштата не работат, прекинати се и рафинериските испораки. Владата вели дека луѓето мора да работат две години подолго – што значи за повеќето до 64-годишна возраст – за да го задржат буџетот.
Франција е една од земјите во ЕУ со најниска стапка за пензионирање.
