Мажите доминираат како експерти во сите области
За родово насилство повеќе зборуваат жените отколку мажите – тие се најчести соговорници на оваа тема и во емисиите, до овие заклучоци дошол Националниот демократски институт. Родова нееднаквост е регистрирана и политичките ставови каде главниот збор од експертската страна, му се дава на машкиот пол....

Гласен е ставот на жените во медиумите кога станува збор за родово базираното насилство, мажите послабо говорат на оваа тема, но се чести соговорници во емисиите околу економските и политички случувања — до овој заклучок дошле од Националниот демократски институт по анализата на програмата на телевизиите. Со овој став се согласуваат и надлежните.
И од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми во своето истражувања пред три години констатирале дека кога партиите имаат кандидат и кандидатка, жените поретко биле претставувани од мажите, а кога имало дебати политичарите биле подоминантни, иако можеби политичарките се експерти од областа на која се дискутира.
Сеопфатна е битката што ја водиме, велат од Агенцијата, таа ги засега и медиумите и политичките партии. Подигнувањето на свеста да се издигне прашањето за родова еднаквост и она што сега е необично да стане нормално.
Наташа Јанчиќ Менковски
