Црвен крст

Пунктови за хуманитарна помош за турскиот народ по земјотресот

07.02.2023 12:46

Хуманоста на дело. Телефоните во Црвениот крст непрекинато ѕвонат. Се собираат финансиски средства за да се помогне на настраданите во земјотресот. На импровизираните пунктови, граѓаните донираат храна, облека, хигиенски средства, ќебиња...

Телефоните непрекинато ѕвонат во Црвениот крст. Граѓаните на дело ја покажуваат хуманоста кон турскиот народ кој од катастрофалниот земјотрес претрпе големи загуби. Од македонскиот Црвен крст се во постојан контакт со турската Полумесечина, од каде добиваат информации за потребите и за она што им е најнеопходно.

Собирањето финансиски средства е најбрз и најефикасен начин за помагање на луѓето, велат од Црвениот крст. На 143 400, на двата телефонски оператори со секој повик граѓаните можат да донираат по 100 денари и со тоа директно им помагаат на најзагрозените.

На импровизираните пунктови, граѓаните донираат секој со своите можности она што е најнеопходно за да се надминат последиците од катастрофалниот земјотрес.

Храна, облека, хигиенски средства, ќебиња. Граѓаните сплотени донираат за лицата на коишто им е потребна најголема помош во низата земјотреси што ја зафати Турција и Сирија.

 

 

Александра Спировска