евроинтеграции

Средба Османи – Липавски

07.02.2023 12:47

Да спласнат емоциите по влошување на односите со Бугарија – до официјална Софија порача шефот на дипломатијата Османи. Напредокот во евроинтеграцијата треба да зависи од постигнатите реформи, а не од билатералните прашања, оцени чешкиот министер Липавски...

Со Бугарија имаме влошување на односите по провокациите што се користат за политички поени за време на избори, но бугарските официјални власти мора да се држат до договорените канали на комуникација за да се продолжи со градење на добрососедските односи, оцени шефот на дипломатијата Османи.

Напредокот во евроинтеграцијата треба да зависи од постигнатите реформи а не од билатералните прашања, оцени шефот на чешката дипломатија, Липавски при посетата во Скопје.

Османи кажа дека реакциите на македонските органи за чествувањето на Гоце Делчев биле високо оценети во ЕУ и информирањето на европскиот парламент, е со цел да се задржи имиџот на државата за високо почитување на правата на граѓаните без разлика од етничката припадност.

 

Ирина Гелевска