Скопје

Дојава за поставени бомби во 33 училишта во Скопје

07.02.2023 13:39

На електронските адреси им била упатена закана за поставена експлозивна направа...

Нови 33 дојави за бомби во училишта во Скопје. На електронските адреси им била упатена закана за поставена експлозивна направа. Антитерористичките проверки се во тек.

Од страна на вработените во училиштата учениците се безбедно евакуирани, а алармирани се и нивните родители.