Прилеп

Недостигот од персонал ја продлабочува кризата во угостителството

07.02.2023 13:45

Се продлабочува кризата во угостителство поради недостигот од персонал. Прилепските угостители велат се снаоѓаат како знаат и умеат и засега не гледаат долгорочно решение...

Најтешкиот месец за угостителите – февруари го продлабочи проблемот со недостигот од персонал, а сега и со преполовен број посетители во објектите. Ако лани, само преку летото, заминале над 7.000 Македонци, главно во Хрватска, годинава и не може да се предвидат бројките. Особено што се заминува во приватна режија.

Во 80-те објекти во Прилеп со околу 600 вработени, има потреба за барем уште 200 угостителски работници.

Никој во угостителството нема одговор како да се надминат проблемите. Велат – се снаоѓаат како знаат и умеат и преживуваат.

Напролет уште повеќе ќе се изостри проблемот со персоналот во угостителството.

 

 

Елизабета Митреска