Македонија

Испратен тим од АРМ во Турција

07.02.2023 13:51

Со авион од Скопје до Истанбул пристигнале 24 припадници на македонската армија, 22 од нив се специјалци обучени за откривање и спасување и двајца водачи на кучиња...

Армијата со авион упати обучен тим за пронаоѓање и спасување, составен од припадници на баталјонот за специјални сили и двајца водачи со службени кучиња, обучени за трагање од командата за обука и доктрини, кои ќе го вложат нивниот максимум за спасување на човечки животи под урнатините, настанати од катастрофалниот земјотрес во нашиот сојузник Турција, информираа од Армијата на Република Северна Македонија.

Се очекува нивно рапределување, во погодените региони, согласно потребите на турските власти.