Македонија
Приведени сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“
07.02.2023 14:35
Сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се приведени во полиција, објавија дел од бугарските медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Уапсените целосно го признале делото...

Сторителите на вандалскиот чин врз македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград се приведени во полиција, објавија дел од бугарските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.
Уапсените целосно го признале делото. Нема конкретни информации колкумина се и од кои причини го каменувале клубот.
Прозорците на „Никола Вапцаров“ беа искршени вечерта на 4-ти февруари, на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
