Политика
Договорени поголем дел од работите за влез на АА во Владата
07.02.2023 14:47
Финишираат преговорите за влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција. Од таму велат дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“...

Финишираат преговорите за влез на Алијанса за Албанците во владината коалиција. Од таму велат дека повеќето прашања се затворени и дека се договорени „поголемиот дел од работите“.
Договорот се очекува официјално да го објават премиерот Ковачевски и лидерот на Алијанса, Таравари.
Сè уште се разговара за распределбата на функционерските места и министерските ресори.
