Кривичен суд
Вештакот отсутен, судењето за „Ласкарци“ се одложи
07.02.2023 17:20
Оштетените се сомневаат во вистинитоста на причините поради кои е побарано одложувањето.

Во скопскиот Кривичен суд се одложи судењето за сообраќајната несреќа кај село Ласкарци. Вештакот Зеќирија Зеќири, чиешто сослушување требаше да продолжи, не дојде на рочиштето. Го известил судот дека мора да направи лекарски прегледи.
Оштетените се сомневаат во вистинитоста на причините поради кои е побарано одложувањето.
Зеќири е еден од четворицата автори на машинското супервештачење за автобуската несреќа кои по налог на судот го изработија овој документ.
