Ракомет

Ајде...се може уште!

04.05.2014 14:24

Кој до третото место во шампионската ракометна лига, македонките или данките, Вардар СЦБ или Митјиланд.

Тагата кога ќе се претори во лутина е најмоќна. Црвено-црните го имаат тоа чуваство, ја имаат мешаница во душите и главите. Концентрацијата и можноста за брза рехабилитација и враќање на шампионскиот колосек од шокот и поразот за финале од Будуќност, би било веројатно најдобрата опција за збришување со сиот гнев данските првенки. И тие веројатно носта горчина по вчерашниот пораз од сеуште актуелните континентални шампионки, Ѓер. Но, нивниот пораз не беше толку драматичен, унгарките ја имаа константната предниост до крајниот триумф.

Кратко и јасно, што и да направат вардарки попладнево во Будимпешта на историскиот фајнл-фор, тие се нашите победнички и морално и секако. Тие го вратиа победничкиот дух, вербата дека се може, вербата дека се сака и она што можеби најбитно и кога сме тажни да сме горди и сигурни во себе.

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Вардар СЦБТ-Митјиланд (14.30)

ФИНАЛЕ:

Ѓер-Будуќност (17:00)