Пeнтуро го освои златото во алпска комбинација

07.02.2023 19:31

Францускиот скијач го освои златото пред домашната публика со победа во супервелеслалом и трето место во слаломската трка со што го повтори успехот од Светското првенство во 2019 година во шведски Оре.

Втор пат во кариерата Французинот Алекси Пeнтуро се закити со златен медал во алпска комбинација, триумфирајќи денеска на Светското првенство кое се одржува во Куршевел и Мерибел.

Францускиот скијач го освои златото пред домашната публика со победа во супервелеслалом и трето место во слаломската трка со што го повтори успехот од Светското првенство во 2019 година во шведски Оре.

Зад 31-годишниот Пeнтуро заврши бранителот на титулата Марк Шварц од Австрија со заостанување од десет стотинки, додека бронзата му припадна на неговиот сонародник Рафаел Хасер (+ 44 стотинки).

Утре и в четврток во Куршевел и Марибел на програмата се трките во супервелеслалом во женска и машка конкуренција.