Земјоделство

Нема опасност за посевите од ниските температури

08.02.2023 07:58

Врнежите од снег ги заштитија есенските посеви од нските температури и ќе ја обезбедат потребната влага во почвата. За овошките пак агрометеоролозите советуваат, доколку има потреба и доколку постојат услови овоштарите да го отстранат снегот од дрвјата за да не дојде до кршење на гранките поради тежината...

Потпросечно ниските минимални температури на воздухот за овој период од годината не треба да ги загрижува  земјоделците за евентуални штети на посевите.

Последните врнежите од дожд и формирањето на снежната покривка на повисоките места, позитивно ќе влијаат на есенските посеви. Снегот ќе ја покрие и заштити вегетацијата, а количеството воден талог ќе обезбеди добра залиха на влага за идниот период на развој на житата, велат агрометеоролозите од управата за хидрометролошки работи.

Прогнозите за поларните утрински и минусните дневни температури во некои делови од државава сепак ќе бидат во граници на издржливост на растенијата. Дури се очекува и да им годат на културите во услови на презимување. Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да влезат во нивите и да почнат и со кроење на виновата лоза, зашто операцијата е обемна и е потребен подолг период да се заврши навреме.

Слична е состојбата и во сточарството.  Опасност нема. Животните треба само да бидат засолнети и да не излегуваат од шталите бидејќи повеќето видови што се одгледуваат кај нас релативно добро ги поднесуваат студените денови.

 

Методија Трајков