Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

08.02.2023 08:35

Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до-4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 3 степени.