МВР

127 санкционирани возачи во Скопје: 14 за користење мобилен телефон при возење

08.02.2023 08:52

На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон при возење 14 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон при возење 14 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возење под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.