Германија

Одобрени 178 тенкови „Леопард 1“ за Украина

08.02.2023 10:02

Германската влада одобри испорака на 178 тенкови од моделот „Леопард 1“ од првата генерација, објави Министерството за одбрана на својата мрежна страница...

Германската влада одобри испорака на 178 тенкови од моделот „Леопард 1“ од првата генерација, објави Министерството за одбрана на својата мрежна страница.

Министерствата за одбрана и за економија во Берлин соопштија дека во зависност од потребните работи на одржувањето толку тенкови ќе ѝ бидат доставени на Украина. Покрај Германија, и Данска и Холандија ќе и достават на Украина најмалку 100 тенкови „Леопард 1“ како дел од напорите за поддршка на Украина да се спротивстави на руската агресија.

Тенковите ќе бидат испорачани во наредните месеци, а испораката ќе биде придружена со логистичка поддршка и обука.