Русија со закани до амбасадата на САД
Русија побара од американската амбасада во Москва да престане со ширењето на, како што вели, лажни вести за руската воена операција во Украина и се закани дека ќе протера американски дипломати...

Русија побара од американската амбасада во Москва да престане со ширењето на, како што вели, лажни вести за руската воена операција во Украина и се закани дека ќе протера американски дипломати.
Предупредувањето вклучува строга порака до новата американска амбасадорка во Москва, Лин Трејси.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент потврди дека американската амбасада добила дипломатска нота од руското МНР, но рече дека генерална политика на министерството е да не коментира дипломатска кореспонденција.
Русија го прогласи „дискредитирањето“ на нејзините вооружени сили за кривично дело казниво до пет години затвор, а за свесното ширење „лажни информации“ за војската предвидува максимална казна од 15 години.
