МВР

141 санкција за брзо возење

08.02.2023 10:45

Од нив три возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач.

Од нив три возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 80 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.