Засега нема откажување на аранжманите за Турција
Резервациите за летните одмори се започнати од ноември, а една од омилените дестинации е Турција, велат од туристичките агенции. Ќе влијаат ли земјотресите на одлуката да се патува во оваа земја. Од агенциите велат дека за сега нема откажување на резервациите од страна на туристите, туку напротив има интерес и се користат попустите при рана резервација …

Засега нема откажување на аранжманите од македонските туристи за Турција кои резервации за летните одмори почнале да прават уште од ноември, велат од туристичките агенции. Земјотресите не ги исплашија граѓаните, кои со раните резервации сакаат да искористат попуст.
Од туристичките агенции велат дека туристичките места се на оддалеченост повеќе од 800 километри од погодените подрачја и не очекуваат дека ќе влијаат на интересот за Турција како летна дестинација.
Од 1.300 евра нагоре се цените на аранжманите за четиричлено семејство со чартер-лет во просечен хотел кое ќе одлучи ова лето да го помине во Турција.
Александра Велинова
