Битола

Хуманитарни акции во Битола за помош на преживеаните во земјотресот во Турција

08.02.2023 12:30

Градот во кој се школувал таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк со низа хуманитарни акции. 19 годишната Назер Салиевска од село Будаково по националност Турчинка, самоиницијативно на плоштадот Магнолија собира хуманитарна помош. На вонредна седница Советот првично додели 50.000 денари помош, а петмина битолчани веќе обучени за спасување се дел од националниот тим кој замина за Турција...

Постојано сум во контакт со моите пријатели од Адана на кои разорниот земјотрес им ја сруши куќата. Нема засега каде да се приберат, а и да има страв им е да не се случи истото вели 19 годишната Назер Салиевска, Турчинка по националност од село Будаково која самоиницијативно утринава ја започна хуманитарната акција.

На пунктот на плоштадот Магнолија од граѓани кои ги нудат своите слободни станбени објекти за сместување до оние со најскромни донации.

Градот во кој се школувал таткото на модерна Турција освен историските го поврзуваат и роднинските односи.

Од Македонско – Турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ се благодарни за хуманоста што нашата земја покажува.

Експресно на вонредна седница на општинскиот совет изгласана и првата парична помош од Битола за настраданите.

Во хуманитарната приказна свое место имаат и петмината битолчани обучени за спасување кој во рамките на националниот тим веќе заминаа во критичните места.

 

 

 

Стевче Митревски