САД
Кинескиот балон дел од воената набљудувачка операција
08.02.2023 12:55
Претставници на американските разузнавачки служби сметаат дека неодамна соборениот кинески балон е дел од обемната програма за надзор што ја води кинеската војска...

Претставници на американските разузнавачки служби сметаат дека неодамна соборениот кинески балон е дел од обемната програма за надзор што ја води кинеската војска.
Програмата за надзор, која вклучува голем број слични балони е делумно повлечена од кинеската провинција Хаинан.
Како што се наведува, САД не ја знаат точната големина на кинеската флота со балони за надзор, но изворите велат дека програмата извршила најмалку 20 мисии на најмалку пет континенти во последниве години.
