Лажна е дојдавата за бомба во МРТ
08.02.2023 16:09
Согласно безбедносниот протокол на јавниот сервис, вработените беа евакуирани. По антитерористичките проверки, беше утврдено дека дојавите се лажни...

Нови дојави за поставени бомби. Мета – училишта, трговски центри, транспорниот центар, но и Mакедонската радио телевизија. Согласно безбедносниот протокол на јавниот сервис, вработените беа евакуирани.
По антитерористичките проверки, беше утврдено дека дојавите се лажни, а вработените продолжија со работа.
