Поднесено обвинение против напаѓачот на Пендиков
Како што велат од Обвинителството, тој заедно со уште едно – засега непознато лице, од омраза поради националната и етничката припадност го нападнале Пендиков.

Охридското обвинителство поднесе обвинение за нанесување тешка телесна повреда од омраза против напаѓачот на Христијан Пендиков. Како што велат од Обвинителството, тој заедно со уште едно – засега непознато лице, од омраза поради националната и етничката припадност го нападнале Пендиков.
Инцидентот се случи на 19-ти јануари. Во угостителскиот објект, обвинетиот најпрвин пристапил до масата на која седел Пендиков и му забележал затоа што се изјаснувал како Бугарин. Подоцна, кога оштетениот го напуштил објектот бил нападнат од двајцата, кои му нанеле тешки телесни повреди.
Обвинетиот, за кого е побаран притвор, се бранел со молчење. По вториот осомничен сè уште се трага.
