Македонија

Движењата на граѓани задоволни, компаниите револтирани од предложените законски измени за игрите на среќа

08.02.2023 17:37

Движењата на граѓани задоволни, компаниите револтирани откако владата предложи законски измени за игрите на среќа. Објектите мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиште. Асоцијацијата предупреди, ваквото решение ќе значи целосно затворање на оваа економска гранка и ќе поттикне на црно да се организираат игри на среќа…

Владата со новиот Предлог-закон всушност ќе и стави клуч на цела економска гранка и истиот ќе доведе до осиромашување на државниот буџет, за 280 милиони евра на годишно ниво, велат од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа.

Ваквиот закон, според нив, ќе придонесе да се игра на црно, на штета на македонската економија и граѓаните. И од Асоцијацијата на спортски обложувалници со сличен став.

Од движењето „Антикоцкање“, го поздравуваат новиот Предлог-закон, кој го чекаат со години. Сметаат дека градовите како Тетово, каде има на секој чекор казина и обложувалници ќе се ослободат од овие, како што ги нарекоа валкани игри на несреќа.

Емурлаи вели дека нивното движење „Антикоцкање“, нема да застане тука, тие и понатаму остануваат на барањето, сите обложувалници и казина да бидат оддалечени најмалку три километри од урбаните средини.

Ваквите барања од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа, велат дека не се согласно европските регулативи. За последната, како што рекоа неправда, најавија дека заедно со нивните вработени ќе се борат до крај, со сите демократски средства, но и масовни протести.

Зоран Димовски