Напливот на странски инвестиции ќе ги задржи младите во Македонија

04.05.2014 16:23

Напливот на странски инвестиции и новите работни места ќе ги задржат младите кадри да не ја напуштаат државата.

Ако трендот на вработувања  продолжи со ова или уште позасилено темпо, ке поттикне Македонија по повеке од пет децении, да го надмине проблемот со иселувањата, според експертите да испровоцира урамнотежување меѓу економскиот и демографскиот развој.

„Сметам дека имаме еден мал потег, да се задржи младата образовна популација во одделните делови на РМ и на тој начин настојувате да извршите рамнотежа меѓу економскиот и демографскиот развој“, вели Проф. Славе Ристевски

Оптимистичките ставови на експертите околу можноста за урамнотежување на економскиот со демографскиот развој доаѓаат по период од неколку децении. Анализата на Светската банка направена по повод поливина век истражувања на миграциите покажува дека до 2010 тата од Македонија мигрирале 447 илјади 138 грагани – бројка кумулативна од 1960 наваму според графиконот.

Најголем број речиси 100 илјади, по 20 илјади годишно државата ја напуштиле во периодот 1980 – 1985 тата. Според Светската банка од 2005 тата до 2010-тата има најмалку иселувања. Анализата е јавно достапна на официјалниот сајт на институцијата.

Сузана Фиданска