Влада
Премиерот Ковачевски во посета на компанијата „Бионика Фармацеутикалс“
09.02.2023 08:03
Премиерот Ковачевски заедно со вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, како и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе ја посетат компанијата Варус „Бионика Фармацеутикалс“...

Како што соопштуваат од владината прес-служба, денес во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, како и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе ја посетат компанијата Варус „Бионика Фармацеутикалс“.
По завршувањето на обиколката предвидени се изјави за медиуми.
