САД
Пентагон: Четири кинески шпионски балони забележани претходно над САД
09.02.2023 09:46
Американскиот државен секретар Блинкен и генералниот секретар на НАТО Столтенберг изјавија дека САД споделиле информации со десетици земји за кинескиот балон соборен над територијалните води на САД во Атлантикот...

Американскиот државен секретар Блинкен и генералниот секретар на НАТО Столтенберг изјавија дека САД споделиле информации со десетици земји за кинескиот балон соборен над територијалните води на САД во Атлантикот, во близина на брегот на Јужна Каролина.
На средбата се разговарало и за системските тактички предизвици што Кина ги поставува на Северноатлантската алијанса. Пентагон соопшти дека претходно биле регистрирани четири кинески шпионски балони кои, според Одбрана, летале над локации од интерес за Кина.
